Европската унија не планира по 2025 да ја продолжи финансиската помош на Грузија, соопшти Европската комисија. Како што се наведува, средствата во износ од 120 милиони евра се замрзнати уште во 2024 поради како што оценува Брисел „сериозна загриженост“ во врска со скршнувањето од демократските принципи и кршењето на владеењето на правото во оваа кавкаска земја.
Од Европскиот парламент поарачаа дека обновата на финансиската помош е малку веројатна и дека внатрешната политика на Тбилиси не влева доверба за продолжување на соработката со ЕУ.
Европската комисија соопшти и дека иако Грузија во 2023 доби кандидатски статус за членство во ЕУ, во моментов не ги исполнува неопходните критериуми за натамошен напредок во пристапниот процес.
Слични новости
Путин: Русија ќе ги постигне своите воени цели дипломатски или воено
Претседателот Владимир Путин изјави во средата дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина или преку дипломатски или воени средства и дека ќе се стреми да прошири „безбедносна тампон зона“ во таа земја
Англиските лекари стапија во петдневен штрајк среде бранот на грип
Лекарите во Англија започнаа петдневен штрајк во средата поради платите и условите за работа поради среде силниот бран на грип, а покрај сѐ пожесток спор со владата
Лукашенко повикува на брзо решение за Украина: Многу зависи од Трамп и САД
Белорускиот претседател Александр Лукашенко, во интервју објавено во вторникот, повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека САД мора да останат ангажирани во дипломатските напори


