Европската унија може да воведе санкции поради последните настани во Грузија, изјави во неделата новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.

„Јасно е дека употребата на насилство врз мирните демонстранти не е прифатлива и (грузиската) влада треба да ја почитува волјата на грузискиот народ, но и грузискиот устав“, рече Калас за време на посетата на Киев.

Жестоки судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти избија доцна вечерта во саботата во Грузија трета ноќ по ред по одлуката на владата да ги прекине преговорите за влез во Европската унија.

Според грузиските медиуми, полицијата употребила водени топови и солзавец против толпата, а дел од демонстрантите фрлале и запаливи средства кон полицијата

Полицијата со опрема за потиснување безредија истрелала гумени куршуми, солзавец и употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои фрлале запаливи направи, изјави репортер на AFP кој го видел пламенот од прозорецот на зградата.

Демонстрантите подигнаа барикади на главната авенија во Тбилиси.

„Кога станува збор за Европската унија, тоа очигледно има последици за нашиот однос со Грузија“, рече таа.

Калас, поранешна естонска премиерка, во неделата ја презеде функцијата прв дипломат на ЕУ.

Калас како можни чекори ги спомена санкциите и визните ограничувања, но рече дека за какви било последици ќе се разговара и договори заедно со земјите-членки на ЕУ.

Грузија три последователни ноќи е потресена од масовни протести и насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако премиерот Иракли Кобахидзе најави дека на четири години до 2028. ќе ги суспендира пристапните преговори со ЕУ поради „уцените“ од Брисел.

„Јасно е дека грузиската влада не ја почитува волјата на грузискиот народ кога станува збор за иднината на Европа“, рече Калас, „и мислам дека не треба да дозволиме да се извлечат со тоа“.

Санкциите на ЕУ може да се воведат само ако се согласат сите земји од ЕУ. Ова во моментов е сомнително, не само затоа што унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна му изрази поддршка на Кобахиџе.

Дури во неделата наутро униформирани полицајци успеаја да ги растераат демонстрантите собрани пред грузискиот парламент.

Демонстрантите сега поставија блокади во близина на државниот универзитет во главниот град.

Судирите и продлабочената политичка криза меѓу националистичката конзервативна влада и проевропската опозиција се закануваат да ја поделат земјата.

Официјални податоци за бројот на повредени и уапсени во текот на ноќта не беа достапни во неделата наутро. До саботата вечерта, полицијата наводно уапсила 107 лица за вандализам само во главниот град Тбилиси.

globe

Слични новости

Индија се подготвува за трговски односи со САД во новата ера на Трамп

Индија се подготвува за трговски односи со САД во новата ера на Трамп

Индија се подготвува за можни трговски разговори со САД насочени кон зголемување на американските инвестиции и поголем извоз, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата следниот месец