Европската унија утре би требало да ја представи новата стратегија на визната политика со која би можело да се реши прашањето на товарни возила од трети земји кои влегуваат во шенгенскиот простор.

Се очекува возачите од балканскиот регион да бидат изземени од правилото 90/180 дена боравок во Шенген зоната, а едно од решенијата би можело да биде за нив да се издаваат посебни визи.

Доколку ЕУ утре ја изнесе визната стратегија, тоа не значи и дека веднаш ќе дојде до прекин на блокади за товарен превоз низ целиот Балкан, најавија камионските превозници.

Слични новости

Акциите на Мета пораснаа за 10 насто

Мета во четвртиот квартал на 2025 оствари добивка од 8,88 долари по акција, над проценките на аналитичарите, додека приходите достигнаа 59,89 милијарди долари, исто така над очекувањата, пренесува ЦНБЦ.