Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании.

„Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени правила поврзани со вештачката интелигенција“, се наведува во соопштението на  ЕУ.

 Земјите-членки и преговарачите се договорија и да ја забранат употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање сексуални „дипфејк“ содржини без согласност на лицата прикажани во нив.

Критичарите оценуваат дека олеснувањето на дел од правилата покажува дека Европа попушта под притисокот на големите технолошки компании.

 

Слични новости

Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници

Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.