Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании.
„Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени правила поврзани со вештачката интелигенција“, се наведува во соопштението на ЕУ.
Земјите-членки и преговарачите се договорија и да ја забранат употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање сексуални „дипфејк“ содржини без согласност на лицата прикажани во нив.
Критичарите оценуваат дека олеснувањето на дел од правилата покажува дека Европа попушта под притисокот на големите технолошки компании.
Слични новости
Четири убиени лица, 20 повредени – ново пукање во училиште во Турција
Четири лица загинаа, а 20 се повредени кога средношколец денеска отвори оган во училиште во југоисточната турска провинција, Караманмарас
По изборите во Унгарија Словачка блокира 90 милијарди евра за Киев
Братислава би можела да ја преземе улогата на главен противник на новиот финансиски пакет на Европската унија за Украина, по политичките промени во...
Либан во преговори со Израел за запирање на војната
Аналитичарите оценуваат дека либанската влада „нема што да понуди“ во преговорите, бидејќи не може да гарантира клучен услов – разоружување на Хезболах.


