Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.
Еврокомесарот за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека Брисел ќе продолжи да ја следи состојбата со залихите на гориво и рафинериските капацитети, ќе ја координира испораката и, доколку е потребно, ќе изврши прераспределба на горивото меѓу земјите членки – слично на механизмите користени за време на пандемијата при распределбата на вакцини.
„Се движиме од криза на високи цени кон криза на снабдување. Тоа најпрво ќе се почувствува кај авионското гориво и се приближуваме до тоа многу брзо“, изјави Јоргенсен за Financial Times.
Според него, мерките може да вклучат поделба, односно прераспределба на авионското гориво меѓу членките на ЕУ.
Слични новости
Драстичен пад на цената на нафтата на берзите по спогодбата меѓу САД и Иран и отварањето на Ормутскиот теснец
Цената на референтната сирова нафта Брент падна за 13 насто на 94,80 долари за барел, а американската нафта забележа пад од 15 насто и се тргуваше по цена од 95,75 долари за барел, пренесува Би Би Си.
Рекордна вработеност во Шпанија, бројот на работници надмина 22 милиони
Пазарот на трудот во Шпанија го продолжи силниот растечки тренд и покрај глобалните тензии, бидејќи бројот на вработени во март во Шапнија порасна за 211 000 луѓе.
ОПЕК + го зголемува производството на нафта
Клучните производители, предводени од Саудиска Арабија и Русија, се согласија да ги зголемат своите мајски производствени цели за околу 206.000 барели дневно.


