Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија во петокот постигнаа привремен договор за воведување фиксна царина од три евра за мали пакети, која ќе се применува од 1-ви јули 2026 година и најтешко ќе ги погоди кинеските онлајн трговци.
Станува збор за пакети во вредност помала од 150 евра, кои сочинуваат 93 отсто од е-трговијата во ЕУ.
Според Европскиот економски и социјален комитет, 12 милиони мали пакети облека, козметика и играчки нарачани од Кина преку онлајн продавниците „Shein“ и „Temu“ секој ден влегуваат во ЕУ.
Службениците велат дека прагот од 150 евра ги става европските трговци во неповолна положба и претставува ризик за здравјето и безбедноста.
Кинеските онлајн продавници се обвинети дека не ги почитуваат стандардите за здравје и безбедност на ЕУ.
„Shein“ и „Temu“ продаваат стоки преку своите апликации од производители чии трошоци се пониски, делумно затоа што не мора да вршат тестирање како што прават производителите од ЕУ, или да рециклираат вратена стока како што е случајот во Европа.
Овие онлајн продавници се сè попопуларни во земјите во ЕУ, каде што жителите се соочуваат со зголемување на цените на храната, енергијата, кириите и облеката.
Привремениот договор за воведување царина од три евра останува на сила сè додека не се укине регулативата за ослободување на ваквите пакети од царински давачки.
Министрите за финансии се согласија во ноември да го укинат правилото што дозволува стоки во вредност помала од 150 евра да влезат во ЕУ без плаќање царински давачки. Оваа одлука ќе стапи на сила откако ќе се воспостави Центарот за царински податоци на ЕУ, централна платформа за интеракција со царината и зајакнување на контролите, што се очекува во 2028 година.
Формирањето на овој центар во моментов е во процес на преговори помеѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент како дел од поширока фундаментална реформа на царинската рамка на ЕУ. Кога ќе биде целосно оперативен, овој центар ќе овозможи царинските давачки да се применуваат на сите пакети што влегуваат во ЕУ.
Слични новости
Прогнозите за вишокот ги спушти цените на нафтата под 61 долар
Цените на нафтата паднаа под 61 долар на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи инвеститорите беа загрижени од само малку омекнатите проценки за вишок следната година
Француската понуда на електрична енергија ја надмина побарувачката
Франција има вишок капацитет за електрична енергија поради намалената индустриска потрошувачка и поголемата понуда на енергијата од обновливи извори и од нуклеарните централи
Европските инвеститори претпазливи, пад на технолошкиот сектор
Европските берзи тргуваат претпазливо во четврток во претпладневното тргување, бидејќи инвеститорите се загрижени за послабите од очекуваните деловни резултати на „Oracle“, што го става намалувањето на каматната стапка од страна на американските Федерални резерви во втор план


