Генералниот секретаријат на Советот на Европската Унија (ЕУ) за утре во Брисел закажа состанок на Работната група за проширување и земји што преговараат за пристапување во ЕУ, каде што ќе се дискутира за предлогот на Европска комисија (ЕК) за укинување на дополнителните трошоци за роаминг за Западен Балкан, односно проширување на режимот „Роаминг како дома“ (Roam Like at Home).

По успешното завршување на преговорите, граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по иста цена како дома, додека граѓаните на ЕУ ќе имаат исти бенефиции кога патуваат во Западен Балкан.

Предлогот не значи автоматско вклучување на Западен Балкан во програмата „Роаминг како дома“, туку ЕУ ќе склучи билатерален договор со секој партнер во Западен Балкан и дека од нив се очекува да ги почитуваат стандардите на политиката за роаминг на ЕУ.

 

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.