Европската Унија постигна договор за примена на трговската спогодба со САД, а преговарачите од Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија се договорија за компромис по петчасовни преговори за законодавството со кој се спроведува спогодбата постигната минатото лето.
Според оваа спогодба, ЕУ се согласи да ги укине царините на американските индустриски производи, додека Вашингтон се согласи да ги ограничи царините на поголемиот дел од европскиот извоз на 15 проценти, објави бриселскиот портал Политико.
Според конечниот текст на компромисот Европската комисија би можела да го суспендира трговскиот договор со Вашингтон доколку САД не ги намалат царините на европските производи од челик и алуминиум до крајот на 2026, а кои сега се движат и до 50 насто.
Слични новости
Битиќи: Владата прави економска бајка додека граѓаните се соочуваат со високи цени и ниски плати
Мицкоски се обидува од една статистичка бројка да направи економска бајка, додека граѓаните секој ден се соочуваат со сè потежок животен стандард и сè повисоки цени, рече денеска на прес конференција потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи
Европските берзи во плус, благ пад на цената на нафтата
Европските берзи денеска се во плус, а нафтата благо поевтини, откако по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан се намалија геополитичките ризици.
Инфлацијата во Швајцарија меѓу најниските во Европа
Годишната инфлација во Швајцарија за мај изнесува 0,6 насто, што е една од најниските вредности во Европа, делумно и поради силната национална валунта франкот


