Европската Унија постигна договор за примена на трговската спогодба со САД, а преговарачите од Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија се договорија за компромис по петчасовни преговори за законодавството со кој се спроведува спогодбата постигната минатото лето.

Според оваа спогодба, ЕУ се согласи да ги укине царините на американските индустриски производи, додека Вашингтон се согласи да ги ограничи царините на поголемиот дел од европскиот извоз на 15 проценти, објави бриселскиот портал Политико.

Според конечниот текст на компромисот Европската комисија би можела да го суспендира трговскиот договор со Вашингтон доколку САД не ги намалат царините на европските производи од челик и алуминиум до крајот на 2026, а кои сега се движат и до 50 насто.

Слични новости

Нов поредок во автомобилската индустрија, Европа забавува, Кина во петта брзина

Нов поредок во автомобилската индустрија, Европа забавува, Кина во петта брзина

Глобалната автомобилска индустрија минува низ историско престројување додерка европските произведувачи соочени со пад на продажбата и вишок капацитети ги затвараат или распродаваат своите погони.

Цените на нафтата пораснаа откако Трамп кажа дека Кина ќе купува американска нафта

Цените на нафтата пораснаа откако Трамп кажа дека Кина ќе купува американска нафта

Цената на сировата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долари, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долари односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел.