Европската унија очекува позитивен дијалог со новата американска администрација заснован на заеднички вредности и интереси, изјавија во четвртокот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Очекуваме позитивен дијалог со новата американска администрација врз основа на нашите заеднички вредности и интереси. Во суровиот свет, Европа и Соединетите држави се посилни заедно“, рекоа фон дер Лајен и Кошта во координирана изјава објавена на социјалните мрежи.
Челниците на институциите на ЕУ првпат се изјаснија по серијата потези на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кои предизвикаа вознемиреност низ целиот континент. Трамп последните денови изјави дека ја сака Канада како 51-ва американска држава, потоа дека сака присоединување на Гренланд, остров во рамките на Данска кој ужива голема автономија, како и американска контрола над Панамскиот канал.
Освен тоа, блискиот соработник на Трамп, најбогатиот човек на светот, Илон Маск, продолжува со својата поддршка на крајно десните партии во Европа, што сега во Брисел го доживуваат како мешање во политичките процеси во европските земји. Макс со седмици ја напаѓа лабуристичката британска влада на премиерот Кир Стармер на социјалните мрежи и отворено ја поддржува германската крајнодесничарска Алтернатива за Германија (AfD) пред предвремените избори на 23. февруари.
Кошта и фон дер Лајен наведуваат дека САД се „еден од најблиските партнери на Европа и дека ЕУ е посветена на зајакнување на трансатлантските врски, но и дека секогаш ќе ги штити своите граѓани, интегритетот на своите демократии и слободата“.
„Од суштинско значење е ЕУ да ги заштити и зајакне нашите основни демократски вредности, да ја направи нашата економија поконкурентна и одржлива, да ја прошири нашата глобална мрежа на партнерства и да инвестира повеќе во нашата безбедност. „ЕУ секогаш ќе ги штити нашите граѓани и интегритетот на нашите демократии и слободи“, рекоа фон дер Лајен и Кошта.
Слични новости
Расте бројот на жртвите и износот на штетите од пожарите во Лос Анџелес
Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат низ Лос Анџелес во петокот се искачи на десет, при што огнената стихија уништи речиси 10.000 згради и не покажува знаци на стивнување
САД: Судот го суспендираше договорот со обвинетите за организирање на терористичките напади од 11. септември
Судот донесе привремено запирање на постапката, со што ги стопираше сите чекори поврзани со предложената спогодба до донесување конечна одлука
Значајно поголем број на убиени во Газа од тоа што е пријавено
Проценката на студијата е дека во првите девет месеци од војната од октомври 2023 до јуни 2024 дошло до 64.260 смртни случаи од директни таруматски повреди, што е 41 насто повеќе од службената бројка што ја објави Палестинското министерство за здравство.