Европската унија во петокот му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ја има нејзината непоколеблива поддршка по неговиот судир со американскиот претседател Доналд Трамп и наглото заминување од состанокот во Белата куќа.
Долгоочекуваната средба меѓу претседателите на Украина и на САД во Белата куќа, која се сметаше за чекор кон мирот, заврши во петокот со отворена расправија меѓу двајцата челнции, откажано потпишување на договор за минерали и „добра телевизиска програма“, како што оцени Трамп.
„Никогаш нема да бидете сами“, му порачаа на Зеленски од Брисел.

„Бидете силни, бидете храбри, бидете бестрашни“, напишаа претседателите на Европската комисија. Урсула фон дер Лајен, на Европскиот совет, Антонио Кошта и на Европскиот парламент, Роберта Мецола во заедничката изјава за Х.
„Ќе продолжиме да соработуваме со Вас за праведен и траен мир“, му порачаа лично на Зеленски.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас рече дека станало јасно дека „на слободниот свет му треба нов лидер“.
„Ќе ја зајакнеме нашата поддршка за Украина за да може да продолжи да се бори против агресорот. Денеска стана јасно дека на слободниот свет му треба нов лидер. Наше е, Европејците, да го прифатиме овој предизвик“, рече Калас.
Слични новости
Дуда апелира САД да разместат нуклеарно оружје во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да го пренесат свото нуклеарно оружје во источна Европа
Хамас го поздравува ретерирањето на Трамп од предлогот за раселување во Газа
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, во средата го поздрави очигледното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од предлогот за трајно раселување на Палестинците од Газа
Русија има барања за разговорите со САД околу Украина
Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата