Еропа и САД се доближуваат до спогодба за координација во производството на критични минерали, со цел да ја намалат зависноста од Кина, пренесе Блумберг.

Брисел и Вашингтон настојуваат во иницијативата да вклучат и други партнерски држави за да изградат нови синџири за снабдување за критичните минерали, кои се клучни за модерните технологии, вклучувајќи ги системите за наведување ракети, борбените авиони и електричните возила.

Заедничките напори на ЕУ и САД уследија откако КИна во минатата година воведе опсежни контроли на извозот на ретки материјали, како одговор на американските царини, што ги поремети глобалните синџири за снабдување и прдизвика проблеми кај европските компании.

Планот опфаќа истражување, експлоатација и преработка на критичните минерали, како и заеднички јавни набавки.

 

 

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.