Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Двајцата лидери на Европската Унија упатија иста порака на социјалните мрежи по состанокот во Брисел со украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван. Безбедноста на Украина мора да биде гарантирана на долгорочен аспект како прва линија на одбрана на нашиот Сојуз, се вели во нивните објави.
Слични новости
Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во Собранието за мигрантите – ако не биде прифатена, ќе има протести
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави нов институционален чекор за одбрана на земјата од, како што вели, веќе договорениот прием на мигранти во Македонија
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа во средата наутро, по ескалацијата на граничните конфликти меѓу двете азиски земји, според локалните камбоџански медиуми
Мировниот план за Украина предвидува нејзино членство во ЕУ во 2027
Новиот мировен предлог на САД за окончување на конфликтот во Украина предвидува влегување на оваа земја во ЕУ во 2027 и формирање на широка демилитаризирана зона во должина на линијата на контактот со Русија


