Претседалот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска допатуваа во Индија во настојување да го финализираат договорот со Њу Делхи за слободна трговија.

Самитот ЕУ-Индија ќе биде одржан во вторник, на кој се очекува постигнување на договор кој ќе биде рамка за сите посебни договори за трговијата во одделни области.

Најавено е дека Индија ќе ги укине царините за европските возила кои беа пракса во изминатите неколку децении.

Слични новости

Ако продолжи војната на Блискиот исток цената на нафтата може да надмине 100 долари по барел

Ако продолжи војната на Блискиот исток цената на нафтата може да надмине 100 долари по барел

Аналитичарите предупредуваат дека повеќе немири, хаотичен вакуум во власта, напади што би го прекинале производството или продолжено затворање на клучниот Ормутски теснец би можеле да ја зголемат цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.

Златото повторно урива рекорди

Златото повторно урива рекорди

Според најновите податоци на берзите, цената на златото достигна 4.594 евра за една унца, или 147 евра за еден грам 24 каратно злато.