Европската комисија и Обединетото Кралство во понеделникот објавија дека чекаат појаснување за најавените нови царини на американскиот претседател Доналд Трамп за да можат да реагираат.

Европската комисија соопшти дека ќе реагира за да ги заштити интересите на ЕУ по најавата на Трамп за претстојните царини за металите, но рече дека нема да одговори додека не добие детално или писмено објаснување за мерките.

Трамп во неделата рече дека ќе воведе нови царини од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што е уште една голема ескалација на реформите на неговата трговска политика.

„ЕУ не гледа оправдување за воведување царини за нејзиниот извоз. Ќе реагираме за да ги заштитиме интересите на европските компании, работници и потрошувачи од неоправдани мерки“, се вели во соопштението на Комисијата.

Велика Британија ќе мора да „почека и да види“ дали се разјаснети заканите на Трамп за воведување царини за целиот увоз на челик и алуминиум во Соединетите држави, изјави секретарот за внатрешни работи, Анџела Игл.

Запрашан во понеделникот наутро за коментарите на Трамп, Игл рече дека владата ќе мора „да почека и да види дали претседателот е поконкретен за тоа што сакал да каже со тој коментар“.

„Имаме многу избалансирани трговски односи со САД – мислам дека трговијата меѓу нашите земји вреди 372 милијарди долари – и мислам дека е во наш најдобар интерес како долгогодишни сојузници и соседи, да продолжиме со таа избалансирана трговија“, рече Игл.

globe

Слични новости

Путин сугерира можност за ставање на Украина под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина може да биде ставена под некоја форма на привремена администрација за да се овозможи одржување на нови избори во земјата и потпишување на клучни договори со цел да се постигне решение

Крајно десните европски политичари на конференција за антисемитизмот во Ерусалим

Крајно десните европски политичари на конференција за антисемитизмот во Ерусалим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди во четвртокот на „пожари на антисемитизмот“ во Западна Европа на конференцијата која беше засенета од бојкотот на неколку еврејски говорници поради присуството на десничарски и крајно десничарски европски политичари

Путин ги нарече „сериозни“ плановите на Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд

Путин ги нарече „сериозни“ плановите на Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ги опиша плановите на неговиот американски колега Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд како „сериозни“, изразувајќи загриженост дека Арктикот може да се претвори во „отскочна даска за можни конфликти“