Европската комисија и Обединетото Кралство во понеделникот објавија дека чекаат појаснување за најавените нови царини на американскиот претседател Доналд Трамп за да можат да реагираат.
Европската комисија соопшти дека ќе реагира за да ги заштити интересите на ЕУ по најавата на Трамп за претстојните царини за металите, но рече дека нема да одговори додека не добие детално или писмено објаснување за мерките.

Трамп во неделата рече дека ќе воведе нови царини од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што е уште една голема ескалација на реформите на неговата трговска политика.
„ЕУ не гледа оправдување за воведување царини за нејзиниот извоз. Ќе реагираме за да ги заштитиме интересите на европските компании, работници и потрошувачи од неоправдани мерки“, се вели во соопштението на Комисијата.
Велика Британија ќе мора да „почека и да види“ дали се разјаснети заканите на Трамп за воведување царини за целиот увоз на челик и алуминиум во Соединетите држави, изјави секретарот за внатрешни работи, Анџела Игл.
Запрашан во понеделникот наутро за коментарите на Трамп, Игл рече дека владата ќе мора „да почека и да види дали претседателот е поконкретен за тоа што сакал да каже со тој коментар“.
„Имаме многу избалансирани трговски односи со САД – мислам дека трговијата меѓу нашите земји вреди 372 милијарди долари – и мислам дека е во наш најдобар интерес како долгогодишни сојузници и соседи, да продолжиме со таа избалансирана трговија“, рече Игл.
Слични новости
Во Турција уапсени 37 луѓе поради објави на социјаните мрежи за апсењето на Имамоглу
Во Турција се уапсени 37 луѓе кои се сомничат дека на социјалните мрежи објавувале провокативни коменатри за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја
Бела куќа: Трамп ќе ѝ помогне на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана
Соединетите држави ќе ѝ помогнат на Украина да добие систем за противвоздушна одбрана, изјави во средата портпаролката на Белата куќа, неколку часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски
ЕК инвестира стотици милијарди евра во одбраната
Европската комисија во средата претстави одбранбен пакет вреден стотици милијарди евра кој треба да одговори на итните потреби на Украина и на долгорочната потреба за зајакнување на безбедноста и одбраната на земјите од Европската унија