Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Каја калас денеска изјави дека дала инстирукции на највиокиот дипломат на ЕУ за Сирија да замине за Дамаск и да воспостави контакт со новите сириски власти.

Таа претходно изјави дека ЕУ нема да ги укинува санкциите врз Сирија се додека новата власт во таа земја не обезбеди права на малцинствата и на жените.

Калас изјави дека на денешниот состанок на министерите за надворешни работи на ЕУ ќе се разговара за Сирија, но нема да се дискутира за проширување на финансиската поддршка на таа земја.

„Новите привремени лидери во Сирија дадоа позитивни сигнали, но тоа не е доволно“ укажа Калас.

Калас рече и дека соборениот сириски претседател Башар ал Асад е договорен за злостроства и додаде дека Меѓународниот кривичен суд би требало да разгледа чекори против него.

Слични новости

Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина

Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната