Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, на сослушување во Европскиот парламент за надворешни работи, денеска ќе соопшти дека Европската унија замрзнува 1,5 милијарди евра наменети за Србија поради контроверзните реформи во правосудството што Белград ги усвои во јануари.

Комесарката најави дека Белград нема да добие ниту евро од грантовите на ЕУ.

Бриселски Полоитико минатата недела пишуваше дека Србија се соочува со губење на фондовите од ЕУ.

Иако Србија не е членка на ЕУ, од почетокот на преговорите за пристапување во 2014 година, земјата има право на средства и грантови наменети за спроведување на реформите.

Слични новости

Марта Кос со критики кон Белград за новите закони

Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед