Украина заслужува мир кој ќе ги почитува нејзината независност и територијален интегритет, со силни безбедносни гаранции, изјавија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен по состанокот во Париз.

„Украина заслужува мир кој ќе ја почитува нејзината независност, територијален интегритет и силни безбедносни гаранции“, порачаа лидерите на двете европски институции во заедничката порака на социјалните мрежи.

Додадоа дека Европа го дава својот целосен придонес во воената помош за Украина и ја истакнаа потребата од зголемување на одбранбените капацитети на Европа.

Во понеделник попладнето во Париз се собраа лидерите на седум земји членки на ЕУ (Франција, Германија, Италија, Шпанија, Полска, Холандија и Данска) и на Велика Британија, претседателите на Европскиот совет и комисија и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Состанокот беше свикан на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон за да се обиде да најде заеднички одговор во однос на безбедноста на континентот откако САД стапија во директен контакт со Русија за обновување на меѓусебните односи со приоритет да се направи обид за постигнување договор и мировно решени за Украина. Во европските престолнини се стравува дека Вашингтон и Москва во билатерални договори ќе договараат прашањеа кои се однесуваат и на безбедносна архитектура на континентот а без нивно учество.

globe

Слични новости

Коцевски: Низата пропусти во „Пулс“ се започнати уште во 2012 година

Коцевски: Низата пропусти во „Пулс“ се започнати уште во 2012 година

Државниот обвинител рече дека досега се осомничени 27 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство. Од 27 лица, за 24 се бара притвор, затоа што 3 се уште се на лекување во болница

Израел ги интензивира нападите врз Газа за да го принуди Хамас да ги ослободи заложниците

Израел ги интензивира нападите врз Газа за да го принуди Хамас да ги ослободи заложниците

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во петокот дека израелската војска ги интензивира нападите врз Појасот Газа од воздух, копно и море за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи преостанатите заложници

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани 

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани 

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред зградата на ОЈО Кочани