Земјите-членки на Европската унија го одобрија 19-от пакет санкции против Русија, кој, меѓу другото, вклучува забрана за увоз на руски течен природен гас (LNG) на европскиот пазар од 1 јануари 2027 година, една година порано од првично планираното, објави данското претседателство во средата вечерта.
Договорот е постигнат откако последната земја-членка, Словачка, даде согласност.
Сега е започната писмена постапка за донесување формална одлука и доколку нема приговори до утре до 8 часот наутро, 19-от пакет ќе биде официјално усвоен.
Забраната за увоз на руски течен природен гас ќе се спроведува во две фази. Краткорочните договори ќе завршат за шест месеци, а долгорочните од 1 јануари 2027 година.
Новиот, 19-ти пакет вклучува санкции за уште 118 руски бродови од таканаречената „флота во сенка“, со што бројот на санкционирани бродови се искачи на над 560.
Првпат се воведуваат рестриктивни мерки против крипто платформите и забрана за трансакции со криптовалути. Странските банки поврзани со руските алтернативни системи за плаќање се исто така погодени од санкциите.
Договорот е постигнат пред почетокот на есенскиот самит на челниците на земјите-членки, кои се состануваат во четврток наутро.
Слични новости
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе


