Земјите на Европската унија и натаму се далеку од договор за нов седумгодишен буџет за периодот од 2028-2034-та година, а разликите меѓу членките во поглед на обемот, потрошувачката и распределбата на парите остануваат големи.
Повикувајќи се на германски документи „Политико“ објави дека преговорите се влезени во сериозна блокада и дека има се помали шанси конечен политички договор да биде постигнат до крајот на 2026 година.
Во средиштетот на спорот е прашањето колку Унијата треба да троши, од кои извори ќе се обезбедат средствата и на кој начин ќе бидат распределени парите.
Новите приоритети на ЕУ сега стануваат одбраната и безбедноста и конкурентвоста.
Слични новости
Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва
Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.
Голем пожар над албанскиот приморски град Химара
Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.
На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ
Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.


