Eвропската Унија (ЕУ) воведува листа на „безбедни земји на потеклото“ на мигрантите заради нивни побрзи депортации.
Преговарачите на Европската Унија денеска постигнаа договор за забрзување на депортацијата на лица чии барања за азил се одбиени, преку воспоставување на првата заедничка листа на ЕУ на таканаречени „безбедни земји на потекло“.
Според компромисот постигнат меѓу владите на земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент, на листата треба да се најдат следните држави: Мароко, Тунис, Египет, Косово, Колумбија, Индија и Бангладеш.
Дополнително, како општ принцип, земјите кои се кандидати за членство во Европската Унија, ќе се сметаат за безбедни. Ова може да ги опфати, меѓу другите, Македонија, Албанија, Црна Гора и Турција,.
Сепак, можни се исклучоци, на пример доколку Европската Унија вовела санкции кон одредена земја или доколку таму избие вооружен конфликт.
Листата може дополнително да се проширува во иднина, соопшти Европскиот парламент.
Слични новости
Зеленски сака одлука на ЕУ за финансирање на Украина до крајот на годината
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека ги информирал челниците на Европската унија дека одлуката за финансирање на неговата земја треба да се донесе до крајот на годината, во спротивно ќе се најде во големи проблеми
Де Вевер за „репаративниот заем“ за Украина: Сè уште не сум видел текст што би ја задоволил Белгија
Белгија не сака да ги сноси ризиците од таканаречениот „репаративен заем“ со користење на запленетите руски средства и може да се согласи на него само ако другите членки се согласат да ги споделат ризиците, а сè уште нема доволен напредок во врска со ова, изјави во четвртокот белгискиот премиер Барт де Вевер
Кошта и фон дер Лајен: Не можеме да го завршиме самитот без одлука за финансирање на Украина
Самитот на челниците на Европската Унија, кој започнува во четврток, не смее да заврши без одлука за финансирање на Украина, изјавија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред состанокот


