Европските министри за надворешни работи во понеделник усвоија нови санкции против дванаесет физички и две правни лица поради хибридните активности на Русија.
Листата вклучува аналитичари за надворешна политика кои работат во институции, тинк-тенкови и универзитети поврзани со Кремљ, како и влијателни личности кои промовираат проруска пропаганда и теории на заговор за руската инвазија на Украина, како и наративи против Украина и НАТО. Некои од нив се поранешни воени или полициски службеници од Западна Европа.
Министрите за надворешни работи на ЕУ, исто така, воведоа санкции врз Меѓународното движење на русофилите за ширење дестабилизирачки наративи за руската влада, како и врз 142-от баталјон за електронско војување со седиште во Калининград, кој е одговорен за попречување на комуникациските системи со кратки бранови и спроведување електронско војување. Оваа организација е одговорна и за неодамнешните дефекти на GPS сигналот во неколку земји-членки.
На листата со санкции се вклучени и членови на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, како и групата за сајбер закани „Кадет Близард“. Тие извршија сајбер напади врз владини организации во Украина, земјите од ЕУ и НАТО за да добијат чувствителни информации и да ја дестабилизираат нивната политичка ситуација.
Со најновата одлука, рестриктивните мерки поради дестабилизирачките активности на Русија сега се применуваат на 59 физички и 17 правни лица.
Министрите, исто така, санкционираа уште пет физички и четири правни лица за поддршка на руската флота во сенка. Меѓу нив се бизнисмени директно или индиректно поврзани со руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, кои обезбедуваат значаен извор на приходи за руската влада. Меѓу санкционираните правни лица се и превознички компании со седиште во Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Русија, чии танкери се дел од руската флота во сенка што Москва ја користи за да ја заобиколи забраната за извоз на нафта.
Слични новости
САД се закануваат со противмерки откако ЕУ го казни Х
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се закани со широк спектар противмерки против давателите на услуги од Европската унија, вклучувајќи можни такси или ограничувања, доколку компаниите продолжат со она што USTR го нарече „дискриминаторски“ практики
Кабинетот на Стармер: Тужбата од Трамп е прашање на самиот BBC
Кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер во вторникот соопшти дека секоја правна постапка против BBC е прашање на самиот радиодифузер, нагласувајќи дека владата ја поддржува неговата независност, по тужбата од американскиот претседател Доналд Трамп
ЕУ се откажува од планот до 2035. сите автомобили да бидат електрични
Европската комисија во вторникот ги олабави правилата за забрана на автомобили со внатрешно согорување од 2035 година, напуштајќи го претходниот план дека сите нови автомобили мора од споменатата година да бидат електрични


