Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево.

ЕУФОР побара распоредување дополнителни сили по избувнувањето на кризата во БиХ предизвикана од усвојувањето на неуставните закони со кои властите во Република Српска се обидоа да го спречат функционирањето на државните судски и полициски тела, што предизвика страв од конфликти меѓу членовите на различни полициски агенции.

Според тоа, дополнителни 400 војници од земјите на ЕУ треба да пристигнат во БиХ до крајот на оваа седмица, а тие ќе се приклучат на контингентот од околу илјада припадници на ЕУФОР кои веќе се на теренот со задача да ја следат безбедносната ситуација и да реагираат во случај на ескалација на насилство.

„Воениот персонал, возилата и хеликоптерите од Чешка, Италија и Романија ќе ги зајакнат силите на ЕУФОР во наредните денови“, се вели во соопштението на командата на ЕУФОР, која го презеде мандатот за следење на спроведувањето на воениот дел од Дејтонскиот договор од НАТО во 2004 година.

Засилување пристигнува во БиХ по воздушен пат и преку граничните премини со Хрватска кај Свилај и Бјача.

Претходно во текот на денот, високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, кого не го признава етинтетот Република Српска, како и постојаните членки на Советот за безбедност при ОН – Русија и Кина, се состана со командантот на ЕУФОР, романскиот генерал Флорин-Маријан Барбу, а тема на нивната дискусија била актуелната безбедносна ситуација, како и распоредувањето на резервните сили.

„Високиот претставник Шмит ја истакна клучната улога што и ЕУФОР и ОХР ја играат во одржувањето на стабилноста и безбедноста во БиХ. Координираните напори на ЕУФОР и ОХР за спроведување на Дејтонскиот договор, неговите цивилни и воени аспекти, како и за одржување на мирот и редот во БиХ остануваат клучни“, се вели во краткото соопштение објавено по средбата.

globe

Слични новости

Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност

Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност

Илузиите за безбедноста на Европа се урнати и Европската унија мора веднаш да почне да инвестира значително повеќе во својата одбрана, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европскиот парламент

Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк

Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк

Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии