Естонскиот евровизиски претставник Томи Кеш им се извини на Италијанците откако неговата песна „Espresso Macchiato“, испеана на лош италијански, налути дел од јавноста во медитеранската земја.
„Mi amore, mi amore, espresso macchiato, macchiato, macchiato, por favore, por favore“, пее 33-годишниот естонски рапер во песната со којашто ќе ја претставува својата земја на Евровизија во Базел кон средината на мај.
Кеш поради ова налути дел од италијанската јавност – потпретседателот на Сенатот од десничарската партија Лига повика да му се забрани учество на естонскиот претставник на натпреварот, а жалба најави и италијанското здружение за заштита на потрошувачи Codacons.

„Не сакав никого да навредам со мојата песна“, изјави Кеш за телевизијата RAI2 во саботата. „Ја сакам Италија“, рече тој.
„Имам огромна почит за ова место. Ја сакам оваа земја: нејзината кујна, архитектура, дизајн, кафе. Не можев ни да замислам дека ова ќе се случи“, додаде Естонецот.
Неговата песна, која моментално има речиси пет милиони прегледи на YouTube, содржи стихови како „Me like to fly privati, with 24 carati” или „Работам деноноќно, затоа се потам како мафијаш“, испеана во мешавина од англиски, италијански и измислени зборови.
На некои Италијанци им се допаѓа песната.
„Како Италијанец, ми е смешно што некои луѓе сметаат дека ‘Espresso Macchiato’ е навредливо. Песната не е за стереотипите за Италија, туку за стереотипите за тоа што странците мислат за Италијанците. Тоа е претеран, ироничен поглед на таа надворешна перспектива, а не напад на нашата култура“, е еден од најпопуларните коментари под песната.
„’No stresso, no stresso, don’t need to be depresso’, мислам дека ќе го истетовирам ова“, напиша друг Италијанец.
Слични новости
Карлсен ги продаде контроверзните фармерки за 36.100 долари
Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, на eBay ги продаде своите фармерки, со кои му беше забрането да игра на Светското првенство во брз шах во декември, за 36.100 долари
Слаба посетеност на кината во Америка и покрај тоа што е недела на Оскарите
Главна причина за овој феномен е што повеќето филмови кои беа номинирани за Оскар публиката може да ги гледа од дома на некоја од стриминг платформите.
Хит претставата Отело на Бродвеј заработи 2,6 милиони долари по само седум изведби
Класичната драма „Отело“ на Вилијам Шекспир во која играат Џејк Гиленхал и Дензел Вашингтон, заработи неверојатни 2,6 милиони долари, по само седум...