Естонскиот евровизиски претставник Томи Кеш им се извини на Италијанците откако неговата песна „Espresso Macchiato“, испеана на лош италијански, налути дел од јавноста во медитеранската земја.
„Mi amore, mi amore, espresso macchiato, macchiato, macchiato, por favore, por favore“, пее 33-годишниот естонски рапер во песната со којашто ќе ја претставува својата земја на Евровизија во Базел кон средината на мај.
Кеш поради ова налути дел од италијанската јавност – потпретседателот на Сенатот од десничарската партија Лига повика да му се забрани учество на естонскиот претставник на натпреварот, а жалба најави и италијанското здружение за заштита на потрошувачи Codacons.

„Не сакав никого да навредам со мојата песна“, изјави Кеш за телевизијата RAI2 во саботата. „Ја сакам Италија“, рече тој.
„Имам огромна почит за ова место. Ја сакам оваа земја: нејзината кујна, архитектура, дизајн, кафе. Не можев ни да замислам дека ова ќе се случи“, додаде Естонецот.
Неговата песна, која моментално има речиси пет милиони прегледи на YouTube, содржи стихови како „Me like to fly privati, with 24 carati” или „Работам деноноќно, затоа се потам како мафијаш“, испеана во мешавина од англиски, италијански и измислени зборови.
На некои Италијанци им се допаѓа песната.
„Како Италијанец, ми е смешно што некои луѓе сметаат дека ‘Espresso Macchiato’ е навредливо. Песната не е за стереотипите за Италија, туку за стереотипите за тоа што странците мислат за Италијанците. Тоа е претеран, ироничен поглед на таа надворешна перспектива, а не напад на нашата култура“, е еден од најпопуларните коментари под песната.
„’No stresso, no stresso, don’t need to be depresso’, мислам дека ќе го истетовирам ова“, напиша друг Италијанец.
Слични новости
Капетан Америка и натаму прв на американскиот Бокс офис
На второто место на Бокс офисот е „Мајмунот“ на Озгуд Перкинс со заработка од 14,2 милиони долари. Станува збор за независна продукција која чини само 10 милиони долари, базирана на кус расказ на Стивен Кинг.
Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка
Французин ги повика да му се јават двајцата крадци кои ја искористиле неговата украдена картичка за да купат инстант лотарија која го освоила џекпотот, ветувајќи дека ќе ја подели наградата од 500.000 евра
Жизел Пелико меѓу жените на 2025. во изборот на Times
Жизел Пелико, Французинка која стана симбол на женската борба во судењето за силување кое имаше глобални одзиви, е една од жените на 2025 година, избрана од американскиот магазин Times во изданието од 10. март