Се правеле набавки кои не се користеле, се склучувале договори со само една понуда, се ограничувала конкуренцијата, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на ЕСМ.
Една од позначајните работи кои ги посочуваат во извештај е набавката на адитив. Го платиле 2,3 милиони евра. Најголем дел не бил искористен, а потоа му истекол рокот. Компанијата платила и 1,7 милиони евра за дислокација на опрема која не е ставена во употреба. Поради ваквите состојби ревизорот констатирал сериозни загуби за компанијата.
ДЗР констатирале и дека дел од договорите биле склучени со само една понуда, а во одредени случаи се менувале и договорите со анекси без доволно образложение.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
