Се правеле набавки кои не се користеле, се склучувале договори со само една понуда, се ограничувала конкуренцијата, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на ЕСМ.

Една од позначајните работи кои ги посочуваат во извештај е набавката на адитив. Го платиле 2,3 милиони евра. Најголем дел не бил искористен, а потоа му истекол рокот. Компанијата платила и 1,7 милиони евра за дислокација на опрема која не е ставена во употреба. Поради ваквите состојби ревизорот констатирал сериозни загуби за компанијата.

ДЗР констатирале и дека дел од договорите биле склучени со само една понуда, а во одредени случаи се менувале и договорите со анекси без  доволно  образложение.

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.