Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за забрана на увоз на моторцикли, некои млечни продукти и поголемиот број видови на алкохол од Канада.

Одлуката ќе стапи во сила на крајот од спетмеври, а уследува како одговор на високите царини што ги воведе канада на американски стоки.

Забраните се објавени за помалку од 24 часа откако канада воведе високи царини на американска стока во вредност од 20 милијарди долари, што беше мерка која Канада ја презеде откако САД први воведоа царини на канадска стока во тој износ.

Високи американски официјални лица изјавија дека целосната забрана на увозот на алкохол од Канада ќе стапи во сила на 29 септември.

Вашингтон, исто така, ќе воведе дополнителни 50 насто царини на челикот, алуминиумот, производите од сирење и мебелот од Канада почнувајќи од 15 септември.

Канадскиот премиер Марк Карни најави дека ќе ги израмни американските царини „долар за долар“, а многу канадски провинции почнаа бојкот на американскиот алкохол.

Слични новости