Изјавата на Мохамед Салах дека неговите односи со тренерот на Ливерпул Арне Слот се целосно замрзнати и ултиматумот што го постави „или тој или јас“, со што навести потенцијално заминување од Ливерпул целосно ги поларизираа медиумите во Англија и навивачите на Ливерпул.

Причината за судирот меѓу Салах и Слот, е што три натпревари во низа холандскиот тренер Арне Слот не го става Салах во првиот тим.

Управата на клубот е целосно зад Арне Слот кој иако годинава бележи слаби резултати лани во дебитантската сезона му донесе титула на Ливерпул.

Медиумите известуваат дека Арне Слот нема да го стави Салах на списокот на фудбалери што ќе отпатуваат во Милано каде што Ливерпул игра меч од Лигата на шампионите против Интер.

Се очекува Слот да зборува за судирот меѓу него и Салах на прес конференцијата на Сан Сиро.

Ситуацијата од блиску ја следат неколку клубови од Саудиска Арабаија кои се заинтересирани да го купат Мохамед Салах во јануараскиот преоден рок.

 

Слични новости

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Во дерби натпреварот од 15-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Атлетик Билбао на својот стадион „Сан Мамес“ во саботата вечерта го победија Атлетико Мадрид со минимални 1:0

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил е извлечен во „тешка група“ на Светското првенство во 2026 година, со Мароко, Шкотска и Хаити како негови противници, изјави селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по жрепката во Вашингтон