Цената на нафтата Брент за испораките во декември порасна за 0,61 насто на 106,33 долари за барел, додека американската нафта ВТИ за ноемвриските испораки поскапе за 0,63 насто на 94,73 долари за барел, пренесе Си-Ен-Би-Си.

По нападите на Хутите во Саудиска Арабија, коалицијата земји предводена од Саудијците ги нападна енергетските терминали и магацините со гориво во Јемен.

Поскапен е и гасот, а фјучерсите за гас за ноември на амстердамската берза се продаваат по цена од 86,92 евра за мегават -час.

И покрај скокот на цената на енергентите, европските берзи денеска се во благ пораст.

Слични новости

Удар врз средната класа: 72 насто од Европејците не можи да си купи сопсвен стан

Удар врз средната класа: 72 насто од Европејците не можи да си купи сопсвен стан

Она што со децении важеше за еден од основните симболи на економската сигурност на европската средна класа- стално вработување, редовна плата и можност да се купи семеен стан или куќа, се повеќе станува недостижна цел.