Вулканот Семеру во Индонезија денеска имаше ерупција, а нивото на тревога е подигнато на највисокото ниво, соопшти агенцијата за вулканологија на Индонезија.

Вулканот исфрил облаци на пепел во височина од 5,6 километри во небото соопшти агенцијата, и предупреди да нема никој на 2.5 километри радиус од вулканот поради ризик, пренесе Ројтерс.

Семеру кој е висок 3.600 метри е еден од 130-те активни вулкани во Индонезија. Стручњаците ја следат состојбата со ерупцијата на вулканот подготвени да издадат наредби за евакуација на населението, ако се влоши ситуацијата.

 

Слични новости