Музичкиот спектакл на Ерик Клептон во мадридската „Мовистар арена“ наместо со аплуз и бис се заврши со напната атмосфера и гаснење на светлата. Легенадниот гитарист ја напушти бината крајно изнервиран, откако бил погоден со предмет фрлен од публиката.

Шпанските медиуми откриваат дека инцидентот всушност бил обид за искажување наклоност кон Клептон, кој бил погоден во градите со омот од винил плоча, на кој била испишана љубовна порака.

Инцидентот се случил по изведбата на песната „Кокаин“, со кој Клептон го завршува настапот пред да замине на пауза пред бисот. Според весникот „Ел Паис“ Клептон бил многу лут, поради што решил да го оконча концертот по само 80 минути свирење.

Слични новости

Режисерот Стивен Содерберг го обвини студиото Дизни за „лудост“ што го откажаа проектот „Бен Соло“ од серијалот Војна на ѕвездите

Режисерот Стивен Содерберг изјави дека е многу вознемирен што студиото Дизни го откажа снимањето на филмот „Ловот по Бен Соло“ од серијалот Војна на ѕвездите, за кој Содерберг изјави дека потрошил три години на подготовка за проектот.