Европскиот парламент ги оневозможи функциите на вештачка интелигенција на таблетите што им ги доделува на пратениците, поради безбедност и заштита на податоците, се наведува во имејл испратен денеска до европратениците, дознава Еурактив.
Според имејлот, одлуката за блокирање на ВИ алатките, вклучително и помошниците за пишување и виртуелните асистенти, е донесена врз основа на препораките на тимовите на ЕП за кибер безбедност и заштита на личните податоци.
„Проценките покажаа дека некои од овие функции користат клауд сервиси за задачи што можат да се извршат локално, испраќајќи податоци надвор од уредот“, се вели во имејлот, со напомена дека моментално се врши дополнителна анализа за да се утврди „колкав е обемот на податоците што се споделуваат со провајдерите“.
„Додека ова целосно не се разјасни, се смета за посигурно функциите да останат оневозможени“, се додава во соопштението.
Слични новости
Руските научници развиваат генетаска терапија за хепатитис Б и рак
Методот на генетски инжинеринг кој овозможува уредување на човековиот геном за целосно лекување на хепатитисот Б, во иднина би можела да се користи и за лекување на ракот
Почина италијанскиот моден дизајнер Валентино
Италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани, гигант во модната индустрија и оснивач на брендот Валентино, почина во 93-тата година од животот.
Зоотопиа 2 на Дизни стана анимиран филм со најголема заработка на сите времиња, Аватар и натаму прв на Бокс Офисот
Третото продолжение на најуспешната франшиза на Бокс офисот Аватар и петти викенд по ред е прв на Бокс Офисот. Аватар досега заработи 400 милиони долари во кино салите во САД и ја надмина бројката од 1,2 милијарди долари заработка глобално.

