Американскиот тенисер Френсис Тијафо избори пласман во полуфиналето на УС опенот, откако на спектакуларен начин во четвртфиналето го победи сонародникот Алекс Микелсен со 3:2 во сетови.
Микелсен поведе со 2:0 во сетови, а во третиот сет при резултат 5:4 сервираше за меч, но Тијафо направи брејк и потоа го доби сетот со 7:5.
Во клучниот петти сет Микелсен имаше водство од 3:0 во гемови, но Тијафо и тоа го неутрализираше и на крајот победи со 10:6 во тај брејкот во решавачкиот петти сет.
Во полуфиналето Тијафо ќе игра со победникот од мечот Алкараз-Шелтон.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
