Бројот на потврдени случаи од ебола во Демократска Република Конго надмина 8.000 покажаа официјалните податоци на владата. Според најновиот извештај на институтот за јавно здравје, во земјата се регистрирани 8.067 случаи на ебола од која досега починаа 3,901 лице, пренесе Ројтерс.
Епидемијата ја предизвикува вирусот на еболата Бундибугјо и таа стана најголемата и најсмртоносната епидемија на ебола во историјата на Конго.
Поголема епидемија на ебола во историјата е забележана само во Западна Африка од 2014-2016 кога во Гвинеја, Либерија и Сиера Леона имаше над 28.000 заразени, а умреа повеќе од 11.000 луѓе.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.