Властите во Демократска Република Конго соопштија дека бројката на потврдени случаи на ебола во земјата порасна на 2,344. Конго соопшти и дека од епидемијата веќе има 930 смртни случаи.

Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.

Реакциите на епидемијата на властите во Конго е отежната поради недостиг од центри за лекување и отпорот на заедницата за воведување на построги хигиенски мерки, пренесува Ројтерс.

 

Слични новости

Над 250 загинати по земјотресот во Колумбија, продолжува потрагата по прежиевани

Над 250 загинати по земјотресот во Колумбија, продолжува потрагата по прежиевани

Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината го потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот.