Младиот бразилски напаѓач на Реал Мадрид Ендрик размислува да замине од Реал Мадрид во Рома.
Шпанскиот весник Марка пишува дека тренерот на Рома Гасперини му нуди на бразилецот значајна улога во тимот кој се натпреварува во Лигата на шампионите и води трка за освојување на скудетото.
Од друга страна, актуелниот тренер на Реал мадрид ?озе Мурињо изјави дека сака да го има Ендрик во својата екипа, но дека бразилскиот ас не може да има голема минутажа.
Опцијата е Ендрик да оди на позајмица во Рома до крајот на сезоната. Тој има договор со Реал до 2024-30-та, а клубот од Мадрид за него плати 50 милиони евра, а излезниот трансфер нема да биде евтин.
Слични новости
Деклан Рајс блиску до нов договор со Арсенал
Би Би Си наведува дека за продолжување на договорот Рајс би добил големо зголемување на платата, а тој неделно заработува 240 000 фунти. Според новиот договор тој би се изедначил со најплатениот играч на Арсенал Букајо Сака кој неделно заработува 350 000 фунти.
Роналдо се соочува со парична казна и суспензија откако го напушти кампот на репрезентацијата, но не се откажува од играњето во националниот дрес
. Роналдо порача дека не се откажува од репрезентацијата и дека ја прифаќа секоја санкција за својата постапка. Во меѓувреме, од португалската федерација и селекторот Жезус порачаа дека вратата за Роналдо во репрезентацијата останува отворена.
Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон
Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0. Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.


