Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека Британецот Енди мари останува негов тренер на неопределено време. Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Доха каде што од понеделник го очекува настап на АТП турнир.

„Енди Мари остана мој тренер. Имаме договор да работиме на неопределено време, ќе ми биде тренер во Америка и потоа веројатно на неколку турнири на земја, а потоа ќе видиме како натаму. Договорот сеуште постои“ им изјави Ѓоковиќ на новинарите во Доха.

Ѓоковиќ во Мелбурни по повредата на мускулот во полуфиналето изјави дека е нејасно дали Мари останува негов тренер, но сега појасни дека Мари ќе биде негов тренер на турнирите во Индијан Велс и Мајами, а веројатно и во Рим.

Слични новости

Денвер победи кај Голден Стејт без Јокиќ

Денвер победи кај Голден Стејт без Јокиќ

И покрај тоа што играа без двајцата најдобри играчи – Никола Јокиќ поради повреда на лактот и Џамал ​​Мареј поради повреда на скочниот зглоб, Денвер Нагетс на гостински терен ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 114:105

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.