Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека Британецот Енди мари останува негов тренер на неопределено време. Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Доха каде што од понеделник го очекува настап на АТП турнир.

„Енди Мари остана мој тренер. Имаме договор да работиме на неопределено време, ќе ми биде тренер во Америка и потоа веројатно на неколку турнири на земја, а потоа ќе видиме како натаму. Договорот сеуште постои“ им изјави Ѓоковиќ на новинарите во Доха.

Ѓоковиќ во Мелбурни по повредата на мускулот во полуфиналето изјави дека е нејасно дали Мари останува негов тренер, но сега појасни дека Мари ќе биде негов тренер на турнирите во Индијан Велс и Мајами, а веројатно и во Рим.

Слични новости

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.