Највредната компанија во светот Енвидија објави дека во вториот фискален квартал оствари многу подобри резултати од очекувањата , бидејќи нето добивката на Енвидија е повеќе од двојно зголемена и изнесува 53,95 милијарди долари.

Приходот на произведувачот на најнапредните чипови достигна 96,22 милијарди долари, додека заработувачката по акција изнесуваше 2,22 долари, пренесува Си Ен Би Си.

Особено силен раст е забележан во работењето со центрите за податоци, каде што приходот на Енвидија достигна 89 милијарди долари, што е за 117 насто повече отколку пред една година, а дата центрите сега сочинуваат околу 92 насто од вкупниот приход на компанијата.

Слични новости

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна во октомври на 6,1 насто од 5,7 насто колку што изнесуваше во септември и сега е највисока за последните пет месеци, покажува најновиот извештај на бугарскиот национален институт за статистика.