Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) веќе на 1 мај ги напуштаат организациите на земјите извознички на нафта ОПЕК и ОПЕК+. И тоа во време кога светот, поради војната на САД и Израел против Иран е среде тешка енергетска криза, а светската економија е разнишана.
Според соопштението за печатот на државната новинска агенција ВAM, одлуката била темелно разгледана од страна на властите во Емиратите, при што особено биле земени предвид постојаните „нарушувања во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец.
„Оваа одлука ја одразува долгорочната стратешка и економска визија на ОАЕ и промената во енергетскиот профил на земјата“.
Набљудувачите ја опишуваат одлуката на Емиратите како тежок удар за ОПЕК, а особено за фактичкиот лидер на групата извозници на нафта, Саудиска Арабија.
Тоа покажува дека Емиратите не се задоволни од водството на ОПЕК. Тоа е порака до Саудиска Арабија и показател за состојбата на односите меѓу Саудиска Арабија и Емиратите, без разлика дали на политичко или на економско ниво кога станува збор за енергетски прашања.
Во иднина кога извозот на нафтата ќе се нормализира, ОАЕ би можеле да пласираат повеќе барели на пазарот без ограничувања.
Вашингтон одлуката ја интерпретира како успех на претседателот на Трамп кој повеќе пати ја критикуваше ОПЕК дека вештачки ја зголемува цената на нафтата.
Емиратите се сметаат за блиски сојузници на САД и се потписнички на Аврамските договори, со кои ги нормализираа односите со Израел.
Слични новости
Денес почнува пролетното заседание на ММФ и Светската банка во Вашингтон
ММФ следната недела ќе објави три можни сценарија, а во секое од нив очекува послаб раст откако што претходно беше проектирано, изјави директорката на ММФ Кристалина Георгиева.
Скок на нафтата откако пропаднаа разговорите САД -Иран
Цената на нафтата скокна, додека акциите и обврзниците паднаа откако претседателот Доналд Трамп нареди блокада на Ормускиот Теснец, зголемувајќи ги тензиите со Иран
Нов штрајк во „Луфтханза“
Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.


