Килијан Мбапе синоќа постигна нов гол за Реал Мадрид на средбата против Интер, во првото коло од елитното европско клупско натпреварување. Тоа беше 71-от гол на Мбапе во Лигата на шапиони, со што се изедначи на петтото место на вечната листа со некогашната легенда на Реал Мадрид Раул Гонзалес.
Прв на вечната листа е Кристијано Роналдо со 141 гол. Втор е Лионел Меси со 129 голови.
На третото место е Роберт Левандовски со 109 голови во Лигата на шампионите, а четврти е Карим Бензема со 90.
Кон врвот брзо се приближува и Ерлинг Халанд кој синоќа постигна два гола за Манчестер сити во дуелот против Порто и стигна до бројката од 59 голови.
Слични новости
Зубименди сака да замине од Арсенал, неговите агенти контактирале седумевропски великани
Како што пренесуваат англиските медиуми, Мартин Зубименди е подготвен да го напушти Арсенал уште во јануари, за повторно да ја заживее својата фудбалска кариера.
Јамал стана најефикасниот тинејџер во ЛШ
Шпанскиот тинејџер синоќа го постигна 14-тиот гол во Лигата на шампионите со што го престигна Мбапе кој го држеше рекордот со 13 голови.
ПСЖ во Виљареал испиша историја во Лигата на шампионите
Бранителот на европската титула во Шпанија постави нов рекорд во Лигата на шампионите, откако успеа за само осум минути да постигне четири голови. ПСЖ веќе во 17-тата минута од натпреварот водеше со 4:0.


