Килијан Мбапе синоќа постигна нов гол за Реал Мадрид на средбата против Интер, во првото коло од елитното европско клупско натпреварување. Тоа беше 71-от гол на Мбапе во Лигата на  шапиони, со што се изедначи на петтото место на вечната листа со некогашната легенда на Реал Мадрид Раул Гонзалес.

Прв на вечната листа е Кристијано Роналдо со 141 гол. Втор е Лионел Меси со 129 голови.

На третото место е Роберт Левандовски со 109 голови во Лигата на шампионите, а четврти е Карим Бензема со 90.

Кон врвот брзо се приближува и Ерлинг Халанд кој синоќа постигна два гола за Манчестер сити во дуелот против Порто и стигна до бројката од 59 голови.

Слични новости

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го соопшти иделаниот тим на Мундијалот во кој Шпанија има најмногу фудбалери тројца, а по два фудбалери имаат Франција и Аргентина.

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.