Килијан Мбапе синоќа постигна нов гол за Реал Мадрид на средбата против Интер, во првото коло од елитното европско клупско натпреварување. Тоа беше 71-от гол на Мбапе во Лигата на  шапиони, со што се изедначи на петтото место на вечната листа со некогашната легенда на Реал Мадрид Раул Гонзалес.

Прв на вечната листа е Кристијано Роналдо со 141 гол. Втор е Лионел Меси со 129 голови.

На третото место е Роберт Левандовски со 109 голови во Лигата на шампионите, а четврти е Карим Бензема со 90.

Кон врвот брзо се приближува и Ерлинг Халанд кој синоќа постигна два гола за Манчестер сити во дуелот против Порто и стигна до бројката од 59 голови.

Слични новости

Стоперот на Барцелона Андреас Кристенсен со потешка повреда и ќе мора да паузира најмалку два месеца

Стоперот на Барцелона Андреас Кристенсен со потешка повреда и ќе мора да паузира најмалку два месеца

Стоперот на Барцелона има потешка повреда од првичните прогнози дека за четири недели би можел да се вртаи на теренот. Новите лекарски контроли покажуваат дека данскиот стопер го очекуваат минимум два месеци пауза.