И покрај опаѓањето на пушењето тутун, младите Европјани се поттикнати сè повеќе да користат електронски цигари и нови ароматизирани производи со никотин, предупреди Одделот на Светската здравствена организација за Европскиот регион, пренесе Јуроњуз.
Според новиот извештај, 53 земји во Европа и Централна Азија до 2030 година ќе останат дел од светот со најголема потрошувачка на тутун.
Употребата на тутун веќе предизвикува повеќе од 1,1 милиони смртни случаи од незаразни болести секоја година во европскиот регион, и без забрзана акција во 2030 година ќе бидеме регион во светот со најлош резултат – рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Во 2024 година, околу 173 милиони луѓе во европскиот регион на СЗО биле корисници на тутун.
За СЗО најитен предизвик е сузбивањето на порастот на користењето електронски цигари бидејќи ги користат 14,3 отсто од децата на возраст од 13 до 15 години, при што стапката е речиси идентична кај момчињата и девојчињата.
Меѓу возрасните, Европа со околу 31,4 милиони корисници е втора во светот по употреба на електронски цигари, веднаш зад Северна и Јужна Америка.
Слични новости
Златото собори нов рекорд
Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото што резултира со постојано кревање на цената на златото.
ММФ : Цените на нафтата ќе останат ниски и оваа година
Просечната цена на нафтата по барел во 2026 ќе биде околу 62 длари по барел, а слична цена се проектира и за 2027, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.

