Европската комисија е подготвена да примени флексибилност во примената на Пактот за стабилност и раст, кој пропишува фискална дисциплина, доколку земјите-членки финансираат одбранбени проекти од нивните буџети, изјави претседателкатa на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Националните буџети се ограничени со правилата на Пактот за стабилност и раст, но во вонредни времиња е можно да има вонредни мерки и мислам дека живееме во вонредни времиња“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција по неформалниот самит на лидерите на ЕУ, што се одржа во беше целосно посветен на одбраната и безбедноста.

Пактот за стабилност и раст предвидува дека буџетскиот дефицит на земјите-членки не смее да надминува 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а јавниот долг не смее да надмине 60 отсто од БДП. Најавата на претседателката на Комисијата би значела дека земјите-членки би можеле да имаат уште поголеми дефицити доколку овие средства се наменети за одбранбени проекти.

„Ние во Комисијата ќе размислиме да користиме поголема флексибилност во Пактот за стабилност и раст за да им дадеме повеќе фискален простор на земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана“, рече Фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, рече дека дискусијата на неформалниот состанок се фокусирала на идентификување на приоритетните области во одбраната каде заедничкото дејствување на ниво на ЕУ дава подобри резултати отколку кога земјите-членки дејствуваат поединечно.

„Во денешната дискусија, јасниот фокус беше на воздушната и ракетната одбрана“, рече Кошта.

„Денес никој не ја доведе во прашање потребата од заедничка поддршка на проектите за противвоздушна одбрана. Тоа е заеднички интерес на целата Европска унија“, изјави полскиот премиер Доналд Туск, чија земја во моментов претседава со Советот на ЕУ.

На средбата се разговараше и за трансатлантските односи кои се карактеризираат со голема неизвесност поради најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за производите од ЕУ.

Фон дер Лајен рече дека Европската унија е подготвена решително да одговори доколку тоа се случи.

globe

Слични новости

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да го вклучи во САД поради националната безбедност, има намера да усвои нацрт-закон со кој ќе се забранат странските донации за политичките партии на островот