Европската комисија денеска ќе усвои две нови стратегии, едната за визите, а втората за миграцијата и азилот.

Портпаролот на Еврокомисијата за внатрешни работи, Маркус Ламерт  во врска со протестите и блокадите на границите од страна на балканските превозници, изјави дека Комисијата е свесна за нивните проблеми и работи на нивно надминување во рамки на подготовките на Стратегијата за визи. 

„Свесни сме дека голем број професионалци од трети земји може да имаат потреба да останат во шенген-зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците.

Ова е прашање на кое сме целосно посветени и на кое работиме и размислуваме во контекст на подготовките на претстојната Статегија за визите, што ќе ја објавиме оваа недела“, изјави Ламерт.

Според најавите, Стратегијата ќе опфаќа упатствата на ниво на целиот блок, кои се дизајнирани да ја зајакнат конкурентноста, но воедно и безбедноста на ЕУ.

Со документот ќе се предвидуваат и „економски визи“, кои би биле повеќекратни и со рок на важење подолг од пет години, во обид за поттикнување на економскиот раст.

Стратегијата ќе предвидува и рестриктивни мерки насочени против „непријателски настроени трети земји“, како и построг мониторинг на постојните безвизни режими.

 

Слични новости

Продолжува судењето за Стојанче Јовановски

Продолжува судењето за Стојанче Јовановски

Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана Стојаноска и нивната 6-годишна ќерка. Случајот се однесува на настанот од 2 март, кога мајката и детето скокнаа од стан во скопската населба Тафталиџе.

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.