Целосната имплементација на новиот биометриски систем за влез/излез на ЕУ е одложена до септември 2026 година поради можноста од создавање хаос на границите во летниот период. Постепеното воведување на системот досега предизвика долги редици и доцнења до три часа на аеродромите.

Системот веќе се користи на дел од пристаништата и аеродромите, каде патниците од земји надвор од ЕУ ги регистрираат своите биометриски податоци.

Некои аеродроми, како Лисабон, беа принудени да го суспендираат системот поради големите застои и проблемите во граничните контроли.

Европската комисија нагласува дека одложувањето дава поголема флексибилност на земјите-членки во собирањето податоци и дека патниците можат да очекуваат продолжување на традиционалното печатење на пасошите во наредните месеци.

 

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен е состанокот во Брисел на кој камионџиите во регионот и ЕК требаше да изнајдат начин за решавање на проблемите на професионалните возачи, откако стапија во сила новите правила за престој во Шенген зоната.